Зошто е важно да одберете инвалидска количка по ваша мерка?

Инвалидската количка не е само дел од опремата што ви е потребна, таа е помагало што ќе ви овозможи да имате квалитетен живот. Затоа е важно да биде изработена индивидуално по ваша мерка. Во продолжение ќе ви споделиме неколку работи на кои морате да внимавате при изборот  на инвалидска количка.

Одредете ја правилната положба на седиштето

Ако сакате вашата нова инвалидска количка да биде удобна за седење, првото нешто што треба да се одреди е вашата комфорна положба на седење. Одредувањето на положбата на седење се дефинира со земање на мерки. Многу е важно вашите мерки за количка да бидат точни и направени од професионалец.

Со оглед на тоа што секој ден ќе ја користите количката,  за да имате максимална удобност важен е секој сегмент. Исто така, индивидуално изработената количка нема да ви создава болки во карлицата, зглобовите и декубитални рани.

Искуствата на еден корисник кој претходно имаше инвалидска количка, по користење на новата од Славеј, изработена индивидуално според претходно земени мерки, изјави: 

„Зборувајќи од лично искуство, претходната инвалидска количка што ја имав имаше преголема „вдлабнатина“ на седиштето, поради што моите колкови беа пониски од колената. Со текот на времето, ова ми предизвика многу непријатност во долниот дел на грбот, колковите и бутовите и всушност беше доста исцрпувачки да управувам со количката. Во соработка со стручниот тим на Славеј, новата инвалидска количка е направена според мене, а јас веќе немам болки и уживам во секој ден.“

Ова искуство е само потсетување дека земањето мерки, положбата и целокупната удобност се исклучително важни. Затоа консултирајте стручен тим и заедно одберете инвалидска количка по ваша мерка.

Последици од несоодветна количка

Има многу компликации кои можат да настанат од инвалидска количка која не е прилагодена на  вас.

  • Претесно седиште може да доведе до создавање на декубитални рани.
  • Седнувањето во инвалидска количка може да биде опасно ако ширината, должината и висината на седиштето не одговараат на вас.
  • Премногу широко седиште на инвалидска количка, може да доведе до лошо држење на телото, и со тек на времето ќе се јави болка и деформитети во `рбетот.
  • Длабочината на седиштето е исто така важна. Со несоодветна длабочина на седиште, нозете ќе бидат во неприродна положба.

Индивидуално изработена количка ја поттикнува активноста

Со индивидуалната количка вие ќе бидете поактивни, побезбедни и послободни во движењето. Ако се чувствувате удобно ќе имате поголема желба да го напуштите домот – и на тој начин да живеете здрав и се надеваме подолг живот.

Ако ви е пријатно и удобно во количката, ќе можете да седите подолго време. Можете да купувате, да се вклучите во спортски активности, да работите или да ги посетувате пријателите колку што сакате.

Вашата количка е продолжение на вашето тело. Мора да внимавате да биде со соодветна големина за да не ви наштети.

И ЗА КРАЈ, ОСТАНЕТЕ АКТИВНИ БИДЕЈЌИ ТОА Е ВАЖНО ЗА ВАШЕТО ФИЗИЧКИ И ПСИХИЧКО ЗДРАВЈЕ!

Shopping Cart