Се вели: ”Здравиот има илјада желби, болниот само една. Да најде лек за својата болка”. Понекогаш лекот чини пет пари, ама кој да поверува во тоа.Знам дека со ваква болка има илјадници луѓе, која не е само болка на современото време, болка од стоење, туку и ненавремениот однос како кон сериозен проблем на кој се гледа со: ”Ќе одам на лекар, деновиве, кога ќе имам време”. И така…. За Славеј А.Д. – Центар за ортотика и протетика, знаев уште како дете. Вујко ми носеше специјални ортопедски чевли заради проблеми со нозете здобиоени во мочуриштата на сремскиот фронт, таму, како почитуван стручњак со години работеше вујкото на мојата сопруга мајстор Тоцка, таму пред некоја година ме однесе мојот пријател, физиотерапевтот Горан Саневски за да ми одберат појас заради проблемите со кичмата…. Искрено, со години мислев дека тие произведуваат чевли (меѓу другите ортопедски помагала) за специјална намена, и дека се стандардизирани во бројки, модел и боја.Но си мислев дека се тие во едно време а јас дека одам низ друго. Ама, не било така. Кога дознав дека тие, Славеј А.Д. – Центар за ортотика и протетика произведуваат модерни чевли, со можност на избор на дизајн, боја, вид на кожа (материјал), броеви, меѓу броеви, со дополнителни внатрешни помагала кои олеснуваат одење и долготрајно стоење, се решив да отидам до кај нив и да бидам дел од промотивната кампања, олесни си го одот, олесни си го секојдневието… Бев воодушевен. И еве како изгледаше мојот престој таму (како и за секој друг). Како поттик за обид за оние кои имаат мака (а и да ја немаат) во изборот на чевли по мерак и вкус.