Секогаш се стремиме невозможното да го направиме возможно, креирајќи од наједноставни до најсложени решенија. Вашата мобилност е нашиот мотив, нашата цел кон која одиме посветено, грижејќи се за вашиот квалитет на живот.
Секој наш корисник е уникатен. Во Славеј доаѓа со своето минато и ни ја доверува својата иднина. Оваа огромна одговорност за нас е најважна и затоа се стремиме на секој корисник, да му го испорачаме најдоброто решение.
Ние сме стабилен, доверлив партнер кој ќе биде покрај вас, кога ѝ да ви биде потребна поддршка. Горди сме на нашето искуство, но нашите корисници се тие што не издвојуваат од другите. Посветеноста да се грижиме, охрабруваме и да се поддржуваме еден со друг, нè прави тоа што сме – семејство.
Изборот на функционалните компоненти и изработката на протезите во Центарот за ортотика и протетика Славеј АД Скопје е индивидуално за секој корисник. Нашите протетичари во овој процес стојат на располагање на корисникот на протеза со цел да помогнат што е можно повеќе да ги исполнат неговите очекувања и потреби.
Во текот на една година, во Славеј произведуваме повеќе од 3.500 индивидуални производи за нашите корисници. Овие производи помагаат за навидум едноставни секојдневни активности: домашни работи, грижа за семејството, работа, спортување... но за нашите корисници тие значат разлика помеѓу невозможното и возможното.