Потколена ампутација

Потколена ампутација (транстибијална ампутација) означува ампутација или отсуство на дел од ногата под коленото. Доколку имате ампутација на ова ниво, важно е да запомните дека со протезата може да се вратите на вашиот независен живот.

За изработка на протезата, ќе работите со протетичар кој е квалификуван за дизајнирање, изработка и аплицирање на вештачки екстремитети. Многу е  важно со вашиот протетичар да разговарате за вашите цели, очекувања и грижи, за тој да може да одговори на вашите специфични потреби.

Во продолжение ви даваме информации, што да очекувате во периодот од ампутација до потколена протеза.

Пост-оперативна нега на екстремитетите

Вашиот лекар може да ви препорача компресивна навлака, која ќе помогне во обликување на преостанатиот екстремитет (чкунка) и ќе ја заштити вашата нога од повреди во процесот на заздравување. Компресивната навлака е замена за компресивен завој, а нејзиното користење е многу поедноставно од користењето на компресивниот завој.

Прва средба со протетичар

Вашиот протетичар ќе ве запознае и со него ќе поразговарате за вашите секојдневни активности. Тој ќе ги слушне вашите потреби и според тие информации ќе дизајнира протеза, прилагодена на вашите специфични потреби.

Прва протеза (имедијантна протеза)

Кога вашата чкунка е доволно заздравена, протетичарот ќе ви земе мерки за изработка на привремена протеза. Протезата што ќе ја земете дома, ќе биде индивидуално изработена со компоненти и материјали прилагодени на вашите потреби. Протетичарот ќе ве научи како да ја ставате и да се грижите за вашата протеза. Оваа протеза ќе ја носите неколку месеци се до конечно формирање на чкунката, по што протетичарот ќе ви изработи трајна протеза.

Физикална терапија

Вашиот физиотерапевт ќе ви помогне да научите како да ја користите протезата во секојдневните активности. Откако ќе ги научите основните вештини на чекорење со протезата, ќе можете да продолжите со понапредни физички активности, како што се одење нагоре и надолу по скали, возење и други активности.

Понатамошна грижа

Како што се менува вашиот екстремитет, протетичарот ќе
прави прилагодувања на протезата. Важно е да
го посетувате протетичарот на секои шест месеци за
да ги решите сите тековни проблеми со протезата.

Дознајте повеќе за нега и рехабилитација по ампутација

За повеќе информации за потколена ампутација, вклучително и нега на екстремитетите, рехабилитација и заздравување, пополнете го овој формулар за да ја преземете нашата брошура.

Креирање на вашата потколена протеза

Потколената протеза (исто така наречена транстибијална протеза) се состои од лежиште, стапало и други спојувачки компоненти. Протетичарот ќе дизајнира индивидуално лежиште, специфично за вашиот екстремитет и ќе одбере најсоодветни компоненти, за да одговараат на вашите потреби и животен стил.

Привремена- имедијатна протеза

Во текот на првите месеци по ампутацијата, ќе се менува обликот и големината на вашиот екстремитет (чкунка). Доколку има промени во волуменот на чкунката, се прават одредени корекции. За лежиштето да не биде премногу лабаво, вашиот протетичар ќе го пополнува самото лежиште за да го прилагоди на новата форма на вашата чкунка или ќе ве советува да носите дополнителни слоеви навлаки за чкунка. И покрај овие промени, понекогаш, доколку лежиштето е лабаво, ќе треба да се направи ново.
Најчесто имедијантната протеза нема козметичка облога, што му олеснува на протетичарот да направи промени во лежиштето или прилагодување во стапалото.
Процесот на учење на одење со протезата, започнува со оваа имедијантна протеза. Кога вашиот преостанат екстремитет е формиран и кога сте постигнале стабилно ниво на активност време е да се префрлите на трајна протеза.

Трајна протеза

Користејќи слични техники, вашата привремена (имедијантна) протеза ќе биде заменета со трајна протеза. За да се создаде трајна протеза, може да бидат потребни неколку посети кај протетичарот со цел да се добие најдоброто решение.

Во зависност од тоа колку ја користите и нивото на вашата активност, протезата може да трае од две до пет години. Кај децата, протезите треба почесто да се менуваат. Важно е да се запамети дека протезата е механички уред кој има потреба од поправки и прилагодувања. Понекогаш, потребно е да се прилагодат или заменат одредени компоненти наместо да се прави целосно нова протеза.

Доколку имате поголеми промени во телесната тежината, може да бидат потребни  прилагодувања на лежиштето или други делови од протезата.

 

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.