Стапалата со динамичен одговор се категорија на протетски стапала кои имаат можност за складирање и поврат на енергија, и кои се наменети за активни и умерено активни корисници на протези кои се обидуваат да одржат нормален животен стил.
Овие стапала се конструирани од напредни композитни материјали доминантно од јаглероден графит (карбон), за да обезбедат мала тежина, висока цврстина како и подинамично движење и функција.
Со складирањето и ослободувањето на енергија со секој чекор, овозможуваат природен од на корисникот со прилагодување на менување на брзината на чекорење како, и намалување на притисокот и времетраењето на оптеретување на здравата нога.
Овие стапала се препорачуваат за лица кои во текот на денот, им е потребно да ја менуваат брзината на одење, како и лица кои поминуваат низ бариери како скали, падини и нерамни терени.
Видот на активност директно влијае на типот на стапалото што е најсоодветно за вас.
Нашите протетичари се тука да ве поддржат во донесувањето на вистинската одлука за вашиот секојдневен живот. Без разлика дали пешачите, учествувате во спортови или едноставно уживате во долги прошетки, нашиот тим е подготвен да ви помогне да ги исполните тие цели.