Натколена ампутација

Ампутација над колено или трансфеморална ампутација  означува ампутација или отсуство на ногата над коленото. Иако процесот на заздравување на ампутираната нога се разликува од личност до личност, неколку недели по операција, може да се започне со процесот на изработка на протеза.
Како што го започнувате процесот на рехабилитација, ќе работите со протетичар кој е квалификуван за дизајнирање, изработка и поставување на протези. Многу е важно со вашиот протетичар  да разговарате за вашите очекувања и грижи за тој  да може да одговори на вашите специфични потреби.
Во продолжение ви даваме информации, што да очекувате за време на вашето патување од ампутација до натколена протеза.

Пост-оперативна нега на екстремитетите

Вашиот лекар може да ви препорача компресивна навлака, која ќе помогне во обликување на преостанатиот екстремитет (чкунка) и ќе ја заштити вашата нога од повреди во процесот на заздравување. Компресивната навлака е замена за компресивен завој, а нејзиното користење е многу поедноставно од користењето на компресивниот завој.

Прва средба со протетичар

Вашиот протетичар ќе ве запознае и ќе ве праша за вашите секојдневни активности. Тој ќе ги слушне вашите цели и според информациите ќе дизајнира протеза, прилагодена на вашите специфични потреби.

Прва протеза (имедијантна протеза)

Кога вашата чкунка е доволно заздравена, протетичарот ќе ви земе мерки за изработка на привремена протеза. Протезата што ќе ја земете дома ќе биде индивидуално изработена со компоненти и материјали прилагодени на вашите потреби. Вашиот протетичар ќе ве научи како да ја ставате и да се грижите за вашата протеза. Оваа протеза ќе ја носите неколку месеци се до формирање на чкунката, по што протетичарот ќе ви изработи трајна протеза.

Физикална терапија

Вашиот физиотерапевт ќе ви помогне да научите како да ја користите вашата протеза во секојдневните активности. Откако ќе ги научите основните вештини на чекорење со протезата, ќе можете да продолжите со понапредни физички активности, како што се одење нагоре и надолу по скали, возење и други активности.

Понатамошна грижа

Како што се менува вашиот екстремитет, протетичарот ќе продолжи да прави прилагодувања на протезата. Важно е да
го посетувате протетичарот на секои шест месеци за да ги решите сите тековни проблеми со протезата.

Дознајте повеќе за нега и рехабилитација по ампутација

За повеќе информации за надколена ампутација, вклучително и нега на екстремитетите, рехабилитација и заздравување, пополнете го овој формулар за да ја преземете нашата брошура.

Креирање на вашата индивидуална надколена протеза

Надколената протеза, наречена трансфеморална протеза, обично се состои од лежиште, колено, столб, стапало и компоненти за составување на протезата. Вашата протеза ќе биде индивидуално изработена со лежиште, специфично за вашиот екстремитет и компоненти според вашиот животен стил и потреби.

Привремена имедијантна протеза

Обликот и големината на вашиот екстремитет (чкунка) ќе се менува во период од шест до дванаесет месеци по ампутација. Вашиот протетичар ќе ве советува кога да носите дополнителни слоеви лајнери над вашиот екстремитет за лежиштето да не биде премногу лабаво или ќе додаде подлога на самото лежиште за да се фиксира протезата. И покрај овие промени, доколку лежиштето е лабаво, ќе треба да се направи ново.

Во многу случаи, оваа почетна протеза нема козметичка обвивка, што му олеснува на протетичарот да направи промени на лежиштето или прилагодувања на коленото и стапалото.

Кога волуменот на вашиот преостанат екстремитет (чкунка) ќе престане да се намалува и сте достигнале стабилно ниво на активност, можеби е време да се префрлите на трајна протеза.

Трајна протеза

Користејќи слични техники, вашата привремена (имедијантна) протеза ќе биде заменета со трајна протеза. За да се создаде трајна протеза, може да бидат потребни неколку посети на протетичарот со цел да се обезбеди најдоброто решение.

Во зависност од секојдневното користење и нивото на вашата активност, протезата може да трае од две до пет години. Кај децата, протезите треба почесто да се менуваат. Важно е да се запомни, дека протезата е механички уред кој има потреба од поправки и прилагодувања. Понекогаш, потребно е да се поправат или заменат одредени компоненти наместо да се создаде целосно нова протеза.

Значајните промени во тежината, може да бараат прилагодувања на лежиштето или други делови од протезата.

Одбирање на компоненти

Кога се одбираат компоненти за надколена протезата, постојат повеќе предизвици, поради отсуството на коленото и скочниот зглоб.  Тука спаѓаат рамнотежа и стабилност, како и потреба од поголема енергија. Во многу случаи, потребни се пософистицирани компоненти, како протетски колената контролирани од микропроцесор.

Билатерална (двојна) надколена ампутација

Ампутација на двете нозе над коленото (исто така наречено билатерална ампутација над коленото) е пропратена со многу предизвици, но со напорна работа и посветеност, можно е повторно одење. Вообичаените чекори за рехабилитација се:

  1. Започнете со физикална терапија, секојдневно истегнување, подобрување на кондицијата и контрола на тежината за да го зајакнете и подготвите телото за следните чекори.
  2. Може да почнете да одите на специјални протетски нозе, наречени кратки нозе, со специјални стапала за тренирање. Ова ќе ви помогне да ја подобрите вашата рамнотежа, да научите да паѓате безбедно и да избегнете повреди при паѓање.
  3. Откако ќе се чувствувате сигурно на кратки нозе, вашиот протетичар може постепено да ги издолжува нозете за да ве направи повисоки, што ќе ви овозможи да стекнете самодоверба во секоја фаза.

Конечно, ќе преминете на протези со протетски колена и глуждови/стапала. Сепак, повеќето билатерални ампутирани над коленото, кажуваат дека нивните кратки нозе им се по корисни за некои ситуации и активности.

За вашето опоравување и рехабилитација ќе биде потребно време. Бидете трпеливи и побарајте поддршка кога ви е потребна.

 

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.