Микропроцесорски колена користат технологија која нуди побезбедно одење со помалку напор, што ja олеснува навигацијата по ридови, рампи и нерамни терени со поголема стабилност.
Сензорите во микропроцесорот, во реално време, собираат податоци за движењето, за да ги направат потребните прилагодувања. Тие во реално време детектираат сопнување, автоматски се прилагодуваат и закочуваат, што му овозможува на корисникот да се задржи за да избегне пад.
Микропроцесорските колена генерално се најпогодни за луѓе со умерен до активен животен стил, кои се движат по нерамен терен. Тие се корисни за лица со двојна ампутација на екстремитетите, бидејќи им помагаат на корисниците да се чувствуваат побезбедни и посигурни, додека се движат за време на секојдневните активности.
Важни карактеристики се дека овие колена се потешки од други модели и потребно е често да се полнат.
Многу корисници сметаат дека колената со микропроцесор, најдобро одат со микропроцесорски стапала.