Индивидуални чевли за протези

Изборот на соодветни чевли е многу важен сегмент за безбедноста, статиката и удобноста на лицата со протеза. Имајте предвид дека нагодувањето на статиката на протезата, стабилноста на коленската единица и удобноста во лежиштето се поврзани со висината на потпетицата на чевлите.

Висина на пета

Чевлите со рамна пета не се најдобра опција за лица со протеза. Многу протетски стапала се специјално направени со висина на пета од околу еден сантиметар. Сè што е пониско, лицето со ампутација ќе се чувствува како да е малку турнат наназад. Кај лицата со потколена ампутација, ова може да направи притисок во делот веднаш под пателата на коленото. Дополнително, за ублажување на овие неудобности, при статичкото нагодување на протезата може да се промени аголот на лежиштето или скочниот зглоб.

Внимавајте со високите потпетици

Ако петицата е превисока, може да се чувствувате како да се наведнувате напред, што е особено ризично ако имате натколена ампутација. Со носење на чевли со висока потпетица, автоматски ќе ја префрлите вашата тежина на прстите на вашето протетско стапало, а кај многу протетски колена кога тежината при одење е на палецот се активира свиткувањето на коленото. Тоа може да доведе до губење на контрола врз протезата и паѓање на корисникот.

Висина на ѓон

Покрај висината на потпетицата, важен дел е и ѓонот, кој при одење треба да обезбеди соодветна амортизација на ударите врз преостанатиот екстремитет. Тенките ѓонови не можат да ги амортизираат овие удари.

Индивидуални чевли отворен фудбалски тип за протези

Индивидуалните чевли за протези, ги содржат сите елементи за безбедно одење со протеза. Се изработуваат по мерка на корисникот со што се избегнува ризикот од лизгање на протетското стапало во чевелот. Тие се цврсти, со соодветна висина на петата и ѓонот кој ги апсорбира ударите и го заштитува преостанатиот екстремитет. Се изработуваат рачно од кожа по мерка на корисникот и се наменети за лица со натколена и подколена ампутација.

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.