Ампутации во или веднаш под колкот – опишани како хемипелвектомија, дезартикулација на колкот и транспелвични ампутации – најчесто се последица на траума, карцином или тешка инфекција. Иако постојат многу предизвици, со соодветна поддршка, клиничка експертиза и добро изработена протеза, лицето може да има независен живот.
Што да очекувате во текот на целиот процес?
Поради сложената состојба поради губењето на три зглобови – колкот, коленото и глуждот, потребно е да работите со здравствени работници кои имаат искуство во лекување на вакви состојби и кои се посветени на исполнување на вашите долгорочни цели. Целиот тим составен од физијатар, физиотерапевт и протетичар може да ви помогне, повторно да се движите.
Седење и стоење
Користењето на протеза по ампутација во колкот, влијае на тоа како се потпирате на колкот за да седите и стоите. Најважно е по ампутацијата да научите како да седите и да стоите.
Одење
На ова ниво на ампутација, одењето со протеза може да биде голем предизвик. Соодветна протеза и искусен тим за рехабилитација, се важен предуслов за повторно одење, со помош на протезата.
Рехабилтација и протетско решение
Рехабилитацијата по дезартикулација на колк генерално има ист временски период со другите видови на ампутации, но има некои посебни техники.
Најважно при изработката на вашата протеза е дизајнирањето на лежиштето кое треба да е удобно, да не ги попречува телесните функции и правилно да ја поддржува вашата телесна тежина. Вашата протеза ќе биде индивидуално дизајнирана за да одговара на обликот на вашето тело и вашите потреби. Важни сегменти се изборот и поставеноста на протетскиот зглоб за колк, протетското колено, должината на натколеницата и потколеницата, видот и поставеноста на протетското стапало и скочниот зглоб. Во периодот на учење, можеби ќе бидат потребни модификации на протезата, со цел да се добие решение кое ќе биде најоптимално.
Протетски зглобови на колкот
За разлика од вашиот анатомски зглоб на колкот, протетскиот зглоб на колкот на вашата протеза ќе биде поставен во близина на предниот дел на вашето тело. Ова ќе овозможи вашето тежиште да се позиционира зад оската на ротација на зглобот, со цел да се подобри статиката при стоење и да се намали веројатноста за паѓање.
Протетски колена
Стабилноста на коленото е основен фактор за ова ниво на ампутација. Протетските колена што се користат за овие протези, се одбираат врз основа на нивните механизми за стабилност.
Протетски стапала
Протетските стапала исто така можат да придонесат за стабилност на протезата. Изборот на соодветно стапало е важно за се добие безбедна и стабилна протеза.
Одмор
За разлика од другите нивоа на ампутација, времето кога не ја носите протезата е важно за вашето здравје. Лежиштето за седење, е дизајнирано да ја држи карлицата и ‘рбетот во правилна положба кога не ја носите протезата, со цел да се спречи развој на мускулно-скелетни проблеми како што е сколиоза. Дополнително, патериците и помошните помагала за одење може да ви помогнат да се движите низ домот, а истовремено да го намалите ризикот од паѓање кога не ја носите вашата протеза.
Ти не си сам
Процесот на рехабилитација и постигнување на стабилност и удобност со протезата може да биде сложен, бидејќи користењето на протеза во овие случаи, поради загубата на стапало, скочен зглоб, колено и колк, бара многу енергија. Некои ампутирани лица со дезартикулација на колкот и транспелвични ампутации често се обесхрабрени да користат протеза. Други кои се обиделе да користат протеза, поради долгиот процес на адаптација и учење, одлучуваат дека се поподвижни со користење на патерици или инвалидска количка.
Нашите протетичари имаат искуство во успешно поставување на протези на ампутации на ова ниво и тие се подготвени да работат посветено за да ви помогнат да ги постигнете вашите цели.
ПОБАРАЈТЕ БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА
Ако вие или некој близок се соочувате со ампутација во или близу под колкот, можеби ќе можеме да помогнеме. Закажете бесплатна консултација денес.