Во Славеј дизајнираме современи индивидуални решенија за протези на долни екстремитети кои на корисникот му овозможуваат повторно чекорење и движење. Располагаме со голем тим на квалификувани протетичари и најнова технологија за изработка на протези.
Во Славеј користиме современи материјали и дизајни за да им помогнеме на корисниците да ја вратат мобилноста после ампутација.
Ние користиме современи материјали и дизајни за да им помогнеме на корисниците делумно да ја вратат функцијата и естетиката при ампутација на долните екстремитети или при разлика во екстремитетите. Во продолжение ви објаснуваме, што да очекувате во зависност на нивото на ампутација.
Протетското стапало е важен функционален дел на секоја протеза за долни екстремитетии и од правилниот избор на протетското стапало зависи функционирањето на целата протеза. Постојат повеќе типови на протетски стапала, кои имаат различни карактеристики и соодветно на тоа нудат различни придобивки за корисникот. Изборот на вид на стапало се прави заеднички од страна на протетичарот од Славеј и корисникот на протезата, зависно од неговите физички карактеристики како и неговите индивидуални потреби, што помага да се одбере најдобрата опција за корисникот.
Протетското колено е важен функционален дел од протезата кај натколени ампутации. Постојат повеќе видови на протетски колена кои ја нудат неопходната стабилност и сигурност при чекорењето со протезата. Изборот на вид на протетско колено исто така се прави заеднички со учество на протетичарот од Славеј и корисникот на протезата, зависно од неговите физички карактеристики како и неговите индивидуални потреби, што помага да се одбере најдобрата опција за корисникот.