Опис
- Agilium Reactive e цврста ортоза за колено наменета за растеретување и стабилизација на коленото, посебно наменета за пациенти со varus или valgus на колено;
- Пациентите со varus деформитет (нозе во форма на лак или ,,О“ нозе) најмногу страдаат од болка во внтрешноста на коленото, додека valgus деформитет (допирање на колената или „ X“ нозе) често доведува до симптоми во надворешната страна на коленото;
- Со својот механизам за растеретување поставен блиску до зглобот, оваа ортоза овозможува ослободување на зглобот на коленото;
- Принципот на олеснување на притисокот од 3 точки го држи зглобот во коректна позиција, спречувајќи ногата да се помрдне на страна: притисокот на болната страна на зглобот е намален;
- Со секој чекор се зголемува мобилноста и активноста на пациентот;
- Ортозата е изработена од лесна алуминиумска рамка, која овозможува удобно носење и под облека.
- Меките делови на ортозата се изработени од нелизгачки материјал;
- Поставувањето е олеснето со нумерираните ленти.