-
Индивидуални производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет
2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет
- Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
- Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
- Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
- Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.
*При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:
-Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и
-Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со зглоб во колк зглоб во колено со узенгија вградена во чевел
2103 | Натколен апарат со зглоб во колк, зглоб во колено, со узенгија вградена во чевел
- Индивидуална ортоза изработена од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на нозете, споени со модуларни ортотички зглобови за колк и колено;
- Се изведува со лумбален корсет или појас поради спојот со зглобот за колк;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, зглобовите на колкот и коленото може да се со кочница или слободни;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За поголема удобност, ортозата е обложена е со филц и природна кожа. Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел
2101 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб во колено со узенгија вградена во чевел
- Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да бидат челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.
-
Индивидуални производи
Натколен апарат со слободен или закочен коленски зглоб со метална сандала
2102 | Натколен апарат со слободен или закочен зглоб коленски зглоб сo метална сандала
- Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
- Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со металната сандала која го опфаќа стапалото, преку која се облекува чевел изработен по мерка;
- За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
-
Детски ортози
Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција
2606 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети
- Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот;
- Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.
- При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало. -
'Рбет
Корсет платнен лумбален со фишбајни
1.424,00 ден2510 | Корсет платнен лумбален со фишбајни
- Корсет платнен лумбален наменет за ублажување на оптоварувањето во ‘рбетoт и за намалување на болката;
- Изработен од еластичен материјал кој овозможува воздухот да циркулира, совршено се прилагодува на анатомијата на телото и е удобен за носење;
- Во задниот дел има четири фишбајни кои се поставени паралелно на `рбетот;
- Во предниот дел има една лепенка, што го прави поедноставен за поставување;
- Помага при спондилоза, долно грбна болка, лумбоишијалгија.
-
'Рбет
Корсет платенен лумбален со фишбајни
1.705,00 ден2510 | Корсет платнен лумбален со фишбајни
Партиципација: 50% (712 ден)
Доплата: 281 ден.- Корсет платнен лумбален наменет за ублажување на оптоварувањето во ‘рбетoт и за намалување на болката;
- Изработен од еластичен материјал кој овозможува воздухот да циркулира, совршено се прилагодува на анатомијата на телото и е удобен за носење;
- Во задниот дел има четири фишбајни кои се поставени паралелно на `рбетот;
- Во предниот дел има две лепенки, повисок заден дел и дополнителни странични лепенки за затегнување.
- Помага при спондилоза, долно грбна болка, лумбоишијалгија.
-
'Рбет
Корсет платнен лумбален со метални шини
1.885,00 ден2511 | Корсет платнен лумбален со метални шини
- Корсет платнен лумбален наменет за ублажување на оптоварувањето во ‘рбетoт и за намалување на болката;
- Изработен од еластичен материјал кој овозможува воздухот да циркулира, совршено се прилагодува на анатомијата на телото и е удобен за носење;
- Во задниот дел има четири метални шини кои даваат поголема поддршка во лумбалниот дел;
- Во предниот дел има две лепенки, повисок заден дел и странични лепенки за дополнително затегнување.
- Помага при спондилоза, долно грбна болка, лумбоишијалгија.
- Се препорачува и како заштита при дигање на потешки предмети и физичка активност.