Синдромот на дијабетично стапало е една од компликациите на дијабетес мелитус. Оваа состојба може да го ограничи квалитетот на животот на пациентите, а во некои случаи, може да биде многу опасно. За да се заштити стапалото од повреди, се препорачува користење на специјални влошки, ортопедски чевли и чорапи.
Ортопедски влошки за дијабетично стапало
Влошките помагаат да се намали притисокот врз стапалото и да се превенира појава на болни точки на притисок, плускавци и рани. Изработени се од материјал кој ги амортизираат ударите при одење и има дополнителна мека поддршка на петата.
Ортопедски чевли за дијабетично стапало
Ортопедските чевли се изработуваат по мерка на корисникот. Горниот дел е мек, без шевови и вградени елементи кои би можеле да предизвикаат локални иритации на кожата на стапалото.
Чорапи за дијабетично стапало
Чорапите за дијабетично стапало се анатомски обликувани и плетени без шевови на прстите. Не прават притисок врз ногата и се изработени од антибактериски памук.