Кај сколиозата, се јавува поместување и ротирање на пршлените од ‘рбетот што доведува до негово искривување. Најчесто се дијагностицира пред тинејџерските и во тинејџерските години (11-16 години) за време на интензивниот период на раст. Клиничкиот термин за сколиоза на оваа возраст е „адолесцентна идиопатска сколиоза“. Зборот „идиопатска“ значи дека не e позната причината. Се јавува кај 5% од тинејџерите и почесто се јавува кај девојчиња во однос на момчињата.
Како се дијагностицира?
Идиопатската сколиоза обично се појавува кај здрави деца во периодот на нагло растење и развој. Дијагнозата најчесто се поставува при редовен скрининг за сколиоза на училишните систематски прегледи. Доколку се открие детето се праќа кај ортопед или физијатар за понатамошно лекување.
Како да се препознае?
Кривините на сколиозата често прават промени во држењето на телото на детето, и тоа е состојба која не е болна. Главата може да биде поместена на едната страна од телото, едното рамо може да изгледа повисоко од другото и обично се забележува несиметричност на грбот или струкот.
Како се лекува?
Постојат три докажани третмани за сколиоза, во зависност од степенот на искривување: следење, носење на корсет со физикална физикална терапија или операција.
Совет до родителите
Треба да бидете трпеливи во процесот на лекување и да ги мотивирате децата. Новите истражувања покажуваат дека во 70-80% од децата кои редовно носат корсети, имаат намалена прогресија на сколиозата во споредба со децата кои нередовно користат корсети за време на третманот.