Ортопедски чевли

Кога чекориме заедно, продолжуваме по стапките на три генерации пред нас. Под звукот на машините ги слушаме лекциите од старите мајстори. Но секој од нас сака да раскаже и нови приказни, да го доживее светот на свој начин. Наша задача е на новите приказни да им дадеме облик и слобода. Од привидниот хаос да создадеме ред. Тоа им го должиме на сите пред нас и после нас. Дисциплина, квалитет без компромис, од почеток до крај. Затоа што слободата е движење. А патот е полесен ако имаш сопатник. Знаеме, затоа што чекориме со вас повеќе од 7 децении. Од првите чекорчиња до потпирањето со бастуми. Славеј, Ваш партнер во движењето.

Shopping Cart