Со помош на протезата, повторно играм фудбал!

„Борбата за животот е најтешката битка која судбината може да ја предвиди. Во тие моменти на неизвесност, добивате незамислива сила, да се исправите и да ги издржите сите предизвици. На крајот кога се ќе заврши, сваќате за што сте се бореле, за здравјето кое нема цена.“ Вака изгледа  една епизода од животот на 57 годишниот Шериф Шерифи кој целиот живот го посветува на спортот и фудбалот. Тој вели дека никогаш немал здравствени проблеми, се до пред 10 години кога добива неподнослива болка во стапалото.

„Ме болеа табаните,тешко се движев. Барав помош, и од лекарите добивав различни дијагнози. Ме лекуваа со разни третмани но ништо не помагаше. По одреден период се отвори рана на стапалото, која подоцна премина во гангрена„ објаснува Шериф.

По ампутацијата болките исчезнаа

По одреден период на безуспешно лекување, докторите му соопштуваат дека треба да се направи потколена ампутација.

„Болките беа неподносливи и кога докторот ми кажа дека е потребна ампутација, веднаш прифатив. Сакав само болките да престанат. Кога заврши операцијата заврши и мојата агонија. “ раскажува Шериф кој вели дека во тие моменти семејството му билo најголема поддршка.

Среќен сум што сум дел од големото семејство на Славеј

По операцијата за Шериф започнува со рехабилитација, по што ја добива и првата протеза. Тој вели дека веднаш ја прифатил и денеска е повторно активен и се враќа на неговата најголема љубов, фудбалот.

„Мене животот ми е ист како и претходно. Пешачам, работа и играм фудбал. Никој не приметува дека носам протеза. Бескрајно сум благодарен на протетичарот Сашо Панов и протезите од Славеј кои ми ја вратија подвижноста. Многу сум задоволен за третманот кој го добивам и што секогаш се достапни за мене и ме пречекуваат со раширени раце. Веќе се чуствувам како дел од нивното семејство. Од лице кое не можеше да се движи, за неколку месеци не само што почнав да одам, туку и да трчам. Тие се најзаслужни за тоа што сум денеска.“ раскажува Шериф, кој додава дека  низ сите премрежја, сопругата била секогаш покрај него и го бодрела да издржи и продолжи понатаму.

Животот е убав и продолжува понатаму

За крај тој им порачува на сите, кои имаат иста или слична судбина како и неговата, дека што и да носи животот треба да прифатиме и да продолжиме да живееме во полн здив.  

„Додека е главата на рамена, се друго во животот се надминува. Сега има современи протези кои ти овозможуваат нормално да функционираш. Животот тече понатаму, најважно е да имате здрава околина која ќе ве бодри. Моја најголема поддршка е мојата сопруга на која никогаш не можам да и се оддолжам.“

Shopping Cart