Неправилно и згрбавено (т.н. кифотично) држење не е само естетски проблем. Недоволната физичка активност во комбинација со седечкиот начин на живот може да доведе до појава на болки во грбот.

Денешниот модерен начин на живот понекогаш не ограничува од активности кои секако би биле корисни за нас. Една од клучните активности, за кои често тешко да се најде време, е вежбањето. Денес, многу луѓе работното време го поминуваат во седење пред компјутер, на биро или во други статични позиции каде движењето е минимално, со многу повторувачки дејства, каде што многумина имаат неправилно држење на телото, т.е. неправилно држење на грбот.

Кога поголем дел од денот се поминува на овој начин, за жал, може да се јави болка во вратот, рамената, грбот итн. Долготрајното седење може да го зголеми ризикот од развој на болки во грбот или дури и хронични болки, како и некои кардиоваскуларни болести.

Во секојдневната рутина, особено рутината на работа, треба да бидат вклучени  кратки паузи од неколку минути за вежби кои би биле корисни за нашето тело. На пример, истегнување, особено на грбот и рамената, вежби за рацете, кратки прошетки и вежби за нозете.

Меѓу најважните работи е да се обезбеди правилно држење на грбот додека работите за да се обидете да ги намалите негативните ефекти од седечкиот начин на живот.

Што е кифоза?

Неправилно и згрбавено (т.н. кифотично) држење не е само прашање на естетика и изглед. Кифозата е состојба во која има прекумерно искривување на торакалниот ‘рбет. Се јавува постепено и може да варира од блага до тешка. Симптомите вклучуваат болки во грбот, вкочанетост, замор и ако состојбата е особено напредната, дури и проблеми со дишењето.

Како да си помогнеме со неправилно држење на телото?

Навремен преглед од лекар (физијатар, ортопед), медицински вежби, носење ортопедски помагала. Во палетата на ортопедски помагала на Славеј, има и различни висококвалитетни ортози за ‘рбетниот столб кои можат да помогнат во одржување на правилното држење на грбот и телото. На пример, корсетите за кифоза, кои даваат поддршка на торакалниот ‘рбет, рамениот појас и го подобруваат држењето на телото.

Има многу фактори кои влијаат на нашето здравје. На некои не можеме да влијаеме и оние кои се целосно во наши раце – правилна исхрана, редовно вежбање, избегнување на неправилно држење и што е можно помалку стрест. На долг рок, правилното држење и усогласување на телото може да помогнат во подобрување на квалитетот на животот, особено ако работиме додека седиме.