Невромускулна сколиоза

Невромускулна сколиоза може да се јави кај деца кои имаат медицински состојби како: церебрална парализа, спина бифида, повреди на ‘рбетниот мозок, спинална мускулна атрофија или други синдроми кои влијаат на нервниот или мускулниот систем.

Знаци и симптоми

Знаците на невромускулна сколиоза често се појавуваат во првите години од животот на детето. Вообичаени симптоми се: нерамни рамења, наведнување на едната страна во споредба со другата и испакнување на ребрата или половината на едната страна од телото. Ова нарушување предизвикува тешкотии со рамнотежа и усогласување на постурата, и влијае на тоа како седи и оди детето.

Дијагноза

Дијагнозата може да се потврди преку физичка проценка од ортопед, физијатар, неврохирург или невролог.

Третман

Во голем број случаи кривите од невромускулната сколиоза напредуваат и во зрелоста. Како што се зголемува големината на кривата на сколиозата, пациентот може да развие прогресивно губење на рамнотежата и потешкотии со подвижноста и одењето.

Корсетот за сколиоза може да се препорача за подобрување на состојбата на‘рбетниот столб. Главната цел на оваа ортоза е да обезбеди стабилност, урамнотежување на ‘рбетот и зголемување на рамнотежа при седењето. Корсетот не може да го корегира овој тип на сколиоза, но може да ја спречи прогресијата на искривување на ‘рбетот.

 

Закажете бесплатна консултција

Закажи

“

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

“

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

“

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.