Корсети за сколиоза

Корсетот за сколиоза е ефикасна индивидуална ортоза за третман на сколиоза кај деца и адолесценти. Целта на корсетот е со притисок врз прецизно одредени делови на ‘рбетот, да го исправи и да ја запре прогресијата на сколиозата.

Дознајте повеќе за сколиозата

За повеќе информации за лекување на сколиозата, пополнете го овој формулар за да ја превземете нашата брошура Дијалог.

Во Славеј, годишно се изработуваат повеќе од 700 корсети за сколиоза. Изработката е од тим на лиценцирани ортотичари кои имаат повеќегодишно искуство во изработка на овој тип на корсети. Процесот е индивидуален, дигитален и е во согласност со строгите Меѓународни стандарди за изработка на корсети:

  • Дигитално земање на мерки со помош на скенер;
  • Врз основа на дигиталните мерки, на современа CAD-CAM машина прецизно се изработува корсетот;
  • Се пробува на пациентот и се прават финални корекции

Што да очекувате во текот на лекувањето:

1

Дијагнозата обично ја поставува ортопед или физијатар кој го прави планот за лекување на сколиозата.

2

Ако кривата на сколиозата на вашето дете е помеѓу 25-50 степени, најверојатно ќе се препише корсет и ќе одреди колку време да се носи, дали постојано или само во текот на ноќта. Ќе добиете лекарски извештај и потврда и ќе бидете упатени за изработка на корсетот во Славеј.

3

На првата средба (кој вообичаено трае 60-90 минути), вашиот ортотичар ќе направи евалуација врз основа на извештајот од лекарот и состојбата на детето. Евалуацијата се состои од анализа на рендген снимката и постурална проценка на која се гледаат рамењата, скапулата, половината и колковите. Потоа ќе земе мерки од детето за изработка на индивидуален корсет. Мерењата обично се прават со помош на скен во стоечка или легната положба на детето, така што ортотичарот може да го сними обликот на вашето дете.

4

Вашиот ортотичар мерките и сликите од скенот, ќе ги испрати во просторија за CAD (компјутерско дизајнирање) каде ќе се дизајнира и изработи корсетот.

5

Во рок од 2-4 недели од првичната евалуација, заедно со вашето дете ќе се вратите во Славеј (оваа средба обично трае 45-90 минути). Вашиот ортотичар ќе направи проценка и ќе го проба корсетот, за да се обезбеди соодветно поставување и правилна функција. Ќе ви дадат распоред за носење за вашето дете постепено да се прилагоди на корсетот. Исто така ќе ви каже кога повторно да дојдете.

6

На децата им се потребни 1-2 недели за да се навикнат на корсетот. Затоа ортотичарот ќе ви предложи план како постепено да го зголемувате бројот на часови. Во деловите каде корсетот притиска, може да се јави црвенило, кое најчесто во период 15-30 минути. Доколку се јави иритација на кожата на детето, консултирајте се со лекарот или ортотичарот.

7

Во период од 2-10 недели по поставување на корсетот, треба да се јавите кај докторот за да се направи рендген снимање на ‘рбетот со корсетот. Доколку се потребни дополнителни прилагодувања ќе закажете преглед кај вашиот ортотичар. Вашиот ортотичар ќе одвои време за да одговори на вашите прашања и да го прегледа корсетот .

8

Следниот преглед кај вашиот доктор треба да биде 4-6 месеци од поставување на корсетот. Вашето дете ќе продолжи да оди на преглед на секои 4-6 месеци за лекарот да го следи третманот.

9

Наизменично помеѓу посетите со вашиот лекар, треба да го посетувате ортотичарот за да го прилагодува корсетот на растот на детето (обично на секои 3-6 месеци, во зависност од видот на корсетот и проценката на ортотичарот). Ве охрабруваме да се јавите доколку во меѓувреме ви се потребни дополнителни прилагодувања.

10

Лекарот ќе одреди кога корсетот повеќе да не се носи. Ова е период кога ќе се постигне зрелост на коските.

Упстатво за користење на корсет за сколиоза:

Оваа брошура е наменета да ви помогне како да го поставите корсетот, хигиена, како да ја негувате кожата и колку често треба да посетувате ортотичар.

Симнете ја брошурата

МАКЕДОНСКИ

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.