Конгенитална (вродена) сколиоза

Вродената сколиоза се јавува во случај кога пршлените на ‘рбетот не се формираат правилно пред раѓањето на бебето. Ваквата состојбата е многу поретка од адолесцентната идиопатска сколиоза.

Причини

За време на развојот на ‘рбетот на плодот во матката, ‘рбетот се формира како една долга колона, а потоа се дели на поединечни сегменти кои стануваат поединечни пршлени.

Ако поделбата на еден од сегментите е нецелосна, два пршлени остануваат нераздвоени (познато како хемивертебра). Ова предизвикува намалување на растот на таа страна на ‘рбетот и како последица на тоа се јавува кривина на рбетот.

Дијагноза

Дијагнозата ја поставува ортопед, физијатар со физикален преглед, рендген слика и други испитувања.

Третман

Искривувањата на ‘рбетот предизвикани од вродената сколиоза, се многу крути и нема да се исправат. Често може да се јават и други кривини, наречени компензаторни кривини, кои се формираат над или под вродената кривина. Овие компензаторни кривини се флексибилни и може да се третираат со корсет.

Вродените и компензаторните криви може да се влошат за време на растот на детето. Носењето на корсет може да помогне да се одложи потребата за хируршка корекција, овозможувајќи му на детето нормален потенцијал за раст.

 

Закажете бесплатна консултција

Закажи

Гоца Богоевска

Благодарам, е мал збор за да се опише професионалноста и пред се човечноста на сите вработени во Славеј.

Повеќе

Зоран Јовановски

Имам модерна, активна и лесна количка со која многу ми е полесно да се движам и можам многу повеќе да направам.

Повеќе

Тања Јордева

Благодарение на Марија и Славеј јас го живеам животот во полн здив.

Повеќе
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.