Дисплазија на колкот е малформација или неразвиеност на ацетабулумот. Вродената дисплазија на колкот значи дека зглобот на колкот не е целосно формиран при раѓањето. Исчашување (луксација) пак преставува изместување на главата на бутната коска (колкот) од нејзината централна позиција во ацетабулумот.
Во најголем број случаи се лекува со користење на ортопедски помагала.
Како превентивна мерка, се препорачува широко повивање. Тоа подразбира користење на пелени за широк повој со цел да се држат колкчињата во раширена и свиткана положба. Таквата позиција овозможува најдобро созревање на зглобот на колкот.