Механичките протетски колена за разлика од понапредните генерации на коленски протетски зглобови претставуваат класа на колена кои немаат микропроцесори, сензори во реално време, хидрауличен отпор или цилиндри со течност. Овие поедноставни механизми за колена, се наменети за лица кои одат со една брзина и често се помали и полесни од понапредните модели.
Примарна разлика кај механичките колена е во бројот на оски. Врз основа на оваа поделба имаме колена со една оска или повеќе оски (исто така наречени повеќеосовински).
Колената со една оска се направени со една шарка. Овој тип на колено е издржливo и леснo, но има ограничување во однос на приспособувањето при менување на брзина на одење. Има можност за регулирање на силите на триење при чекорење што помага да спречи пребрзо замавнување на ногата напред, овозможувајќи една оптимална брзина на одење. Повеќето колена со една оска имаат можност да се закочат во место при стоење или при одење, кога корисникот бара дополнителна сигурност.
Повеќеосовинските колена имаат повеќе оски на ротација во коленото што ја намалува веројатноста коленото да се свитка за време на стоењето. Кај некои дизајни на овие колена самата конструкција бара скратување на протезата за да се намали ризикот од сопнување и паѓање кога корисникот замавнува со протезата заради зачекорување. Повеќеосовинските колена можат да ги задоволат потребите на луѓето со различен степен на активност. Поедноставните верзии се погодни за лесни активности, а понапредните верзии се добро прилагодени за тешки активности.
Нашите протетичари ќе ви помогнат да одредите кое колено најдобро одговара на вашите потреби и активности.