Компликација од дијабетес е најчеста причина за ампутација на стапало, дел од стапало или прсти. Исто така, ова ниво на ампутација, може да биде последица и на повреда. Без разлика која е причината, ако сте поминале низ процес на ампутација, важно е да знаете дека не сте сами.
Хирургија и рехабилитација
Разговарајте со вашиот хирург, за да ви објасни кои се вашите опции за нивото на ампутација и за протетскиот третман.
Кога раната ќе заздрави, започнете со рехабилитација, и обратете се кај лекар за проценка на можноста за изработка и поставување на протеза.
Протетски решенија
Вашиот протетичар ќе работи со вас и ќе дизајнира протеза со која ќе продолжите да ги остварувате вашите цели. Со помош на нашиот тим на протетичари и достапната технологија, лицето со ампутација на дел или на целото стапало, може да има активен живот со многу мали ограничувања.
Дознајте повеќе за нега и рехабилитација по ампутација
За повеќе информации за потколена ампутација, вклучително и нега на екстремитетите, рехабилитација и заздравување, пополнете го овој формулар за да ја преземете нашата брошура.