Евалуација/Мерење/Изработка
- Дијагнозата обично ја поставува педијатар, физијатар или ортопед кој го прават планот на лекување.
- Ако кривата на сколиозата кај вашето дете е поголема, најверојатно ќе се препорача корсет за сколиоза. Докторот одредува колку часа дневно треба да се носи корсетот и ќе ве упати до Центарот за ортотика и протетика Славеј за изработка на истиот.
- На првата средба со ортотичарот (кој вообичаено трае 60-90 минути), се анализира рендген сликата, се прави евалуација на детето, проценка и земање на мерки за изработка на корсет во согласност со препораките на докторот. Евалуацијата се состои од клиничка постурална проценка со која се гледаат рамењата, скапулата, половината и колковите, како и анализа на рендген снимката на детето. Мерењето обично се прави со скенирање, така што ортотичарот може да го сними обликот на вашето дете.
- Вашиот ортотичар ќе ги проследи земените мерки на CAD – CAM машина и започнува процесот на изработка на корсетот.
Проба /Испорака
- Во период од неколку ден од првата евалуација, ќе треба повторно да се вратите во Центарот за ортотика и протретика Славеј за да го пробате корсетот (овој преглед трае 45-90 минути). Вашиот ортотичар ќе го проба корсетот на детето и ќе процени дали добро се вклопува. Ќе ви објасни како да го поставите корсетот, како се одржува и кога повторно треба да дојдете на преглед.
- Потребни се околу 1-2 недели за детето да се навикне да го носи корсетот. На некои делови може да се појави црвенило, но тоа најчесто е последица на точките на притисок што ги прави корсетот. Доколку се јави иритација на кожата од корсетот, потребно е да се јавите на ортотичар.
Следење
- Во период од 2-10 недели од носење на корсетот, треба да се јавите на преглед кај докторот, кој може да ви направи рендген снимка на `рбетот со корсетот. Доколку се потребни дополнителни прилагодувања, треба да се јавите кај вашиот ортотичар. Тој ќе одговори на вашите прашања и ќе ве советува.
- Следниот преглед кај докторот треба да биде 4-6 месеци од носењето на корсетот. Овие посети треба да бидат на секои 4-6 месеци, или според динамиката која ќе ја препорача докторот додека трае третманот.
- Наизменично помеѓу посетите на вашиот доктор, потребно е да закажете консултација и со ортотичарот (обично на 3-6 месеци), за да се приспособи корсетот според растот на детето.
Ортопедот или физијатарот одлучува кога треба да се прекине да се носи корсетот. Ова е најчесто кога ќе заврши развојот на коските.