Што да направите доколку вашето дете носи ортоза или протеза?

Ортозите имаат важна улога во поддршка на развојот на децата и во третман на одредени деформитети. Протезите пак се надомест за изгубен дел од екстремитет и се важни за нормално секојдневно функционирање на детето. Во продолжение ви даваме неколку совети што треба да направите доколку вашето дете носи ортоза или протеза.

Поставување на протеза или ортоза

Правилно поставување на протеза или ортоза бара одредена вештина. Многу е важно да му погнете на вашето дете како да ја постави и да се чувствува пријатно и удобно.

Не заборавајте децата брзо растат

Децата растат брзо. Ортозите и протезите треба да го следат нивниот раст и развој, и да се прилагодуваат на нив. Не заборавајте да закажете термин кај професионален ортотичар или протетичар кој ќе го прилагодат помагалото според потребите на вашето дете.

Разговарајте со вашето дете

Децата некогаш знаат да бидат „сурови“ едни кон други. Пред да тргне или доколку оди во училиште одвојте време да разговарате со вашето дете за неговата ортоза или протеза. Подгответе го да знае како да им објасни на другите деца и како да го прифатат. Доколку не можете сами, консултирајте детски психолог и заедно поттикнете ја самодовербата кај вашето дете.

Запознајте се со учениците и наставниците

Закажете средба со наставникот и објаснете ја состојбата на вашето дете, доколку детето има потреба од одредени услови кои му се потребни за полесно да функционира. Исто така разговарајте со наставникот, како да ги запознаете другите ученици дека вашето дете носи помагало, за да не се почувствува поинакво од другите.

Активности надвор од училиштето

Проверете какви дополнителни активности нуди училиштето во кое оди вашето дете (часови за музика, уметности и сл.). Проценете кои одговараат на моменталната состојба на детето разговарајте со него и доколку изрази желба, запиштете го.  

Договорете го отсуството

Вашето дете може да отсуствува од училиште поради лекарски прегледи и други непредвидливи ситуации и причини. Разговарајте со учителите како да ги решите овие отсуства и како детето полесно да ги научи пропуштените лекции.

Запомнете!

Современата технологија за изработка на ортози и протези, му овозможува на детето да има нормално детство без да ги ограничува неговите секојдневни активности. Како родител треба постојано да сте во комуникација не само со училиштето туку и со него. Вие сте неговиот најдобар застапник и можете да го научите како да се бори за себе. Можностите се неограничени!

Shopping Cart