Кога патувате, вашата протеза може да биде изложена на услови и стресови, различни во споредба со вашата секојдневна рутина. Во продолжение ви даваме неколку корисни информации, за да бидеме сигурни дека сте добро подготвени и можете да уживате во секоја минута од вашето патување.
На што треба да размислувате пред патување?
- Проверете ја функцијата и удобноста на вашиот протетски уред.
- Внимателно проверете ја чкунката дали има промени (облик / волумен / точки на притисок).
- Закажете преглед со вашиот протетичар за однапред да исклучите евентуални проблеми со протезата.
- Информирајте се за тоа кои компании за протетика ви се достапни на вашата дестинација.
- Проверете го полначот за батерии дали е во исправна состојба. Ставете го во вашиот рачен багаж за во секое време да ви биде на дофат.
- Проверете го полначот за батерии дали е во исправна состојба. Ставете го во вашиот рачен багаж за во секое време да ви биде на дофат.
- Земете медицински козметички производи за нега на кожата на чкунката како и средства за дезинфекција.
На што треба да внимавате кога патувате со авион?
- Кога поминувате низ скенери или детектори за метал, внимавајте вашата протеза да не направи неочекувана реакција.
- Ако имате ограничена подвижност, побарајте помош во авиокомпанијата со која летате или од службените лица на аеродромот.
Што да правите доколку се јават проблеми со протезата во друга земја?
- Доколку се сомневате дека вашата протеза има некој дефект (на пример, оштетување, губење на функцијата, проблеми со електрониката) контактирајте го вашиот протетичар;
- Вашиот протетичар ќе ве координира заедно со службата за корисници на Ottobock;
- Важни информации како што е серискиот број на протезата се наоѓа во вантрешната страна на зглобот.