Синдром карпал тунел- вежби кои можете да ги направите во канцеларија

Карпал тунел синдромот претставува медицинска состојба која настанува како резултат на зголемен притисок на n.medianus, кој минува низ т.н carpal tunnel-ов простор. Поради честите движења на рачниот зглоб, нервот се воспалува и доаѓа до негово надразнување. Симптомите се вкочанетост и болка во горната половина на раката и дланката.

Најчесто се јавува кај жени на возраст меѓу 40 и 60 години, но се почесто е присутен и кај помлади. Причина за ова е што се поголем број на млади со часови работат на тастатура. Се манифестира со вкочанетост и болка во раката и прстите.

Во продолжение ви даваме три едноставни вежби за истегнување кои можете да ги правите во секое време од денот. Вежбите се едноставни и за нив не е потребна дополнителна опрема. Можете да ги правите додека седите на биро, чекате во ред или додека одмарате. За најдобри резултати се препорачува да се прават неколку минути на секој час додека сте на работа. Доколку редовно ги правите овие вежби, за неколку недели ќе забележите значително подобрување на флексибилноста на рачниот зглоб.

Вежба пајак

  • Спојте ги рацете во положба на молитва.
  • Раширете ги прстите колку што можете, а потоа одвојте ги дланките, но прстите да ви бидат споени.

Со оваа вежба се истегнуваат структурите на дланката и медијалниот нерв кој се иритира кај синдром на карпален тунел.

Вежба тресење

Едноставна вежба со која треба да ги тресете рацете исто како да сте ги измиле и се обидувате да ги исушите. Оваа вежба правете ја една минута на секој час за да се опуштат мускулите и нервите на раката во текот на денот.

Вежба истегнување

  • Испружете ја раката, лактот и зглобот држете ги исправени а прстите треба да ви бидат свртени надолу кон подот.
  • Раширете ги малку прстите и со другата рака нежно притиснете на раката.
  • Кога ќе ја достигнете максималната точка на флексибилност, останете во оваа положба околу 20 секунди.

Што да направите доколку се сомневате дека имате синдром на карпал тунел?

Прво, доколку се сомневате консултирајте се лекар. Третманот може да помогне да се ублажат симптомите и да се спречи влошување на состојбата. Горенаведените вежби треба да бидат само дел од планот за лекување. Останати третмани за синдром карпал тунел се:

  • користење на ладни облоги
  • чести паузи на работното место
  • навечер користете ортоза за дланка
Shopping Cart