Цел на секое протетичко решение е добивање на што подобра функција со што поприроден изглед на протезата. Во Центарот за ортотика и протетика Славеј А.Д. Скопје се изработуваат разни видови протези за горни екстремитети. Со нашите производи се опфатени речиси сите индикации и нивоа на ампутации.
Протезите за горни екстремитети ги делиме во три групи: естетски (козметички), механички (работни) и миоелектронски протези.
Естетски протези за горни екстремитети
Естетските или козметичките протези имаат исклучиво естетска функција. На некои корисници поважен им е дизајнот, природниот изглед и тежината отколку функционалноста на протезата. Во Славеј ги користиме компонентите за протези на Ottobock. Естетските протези се составени од внатрешниот дел (лежиште) на протезата, лакотна единица (кај надлакотни ампутации), вештачка шака (постојат над 43 модела), соодветна естетска ракавица (18 нијанси).
Боите и текстурата на ракавицата е многу слични на човечката кожа. Skin clean ракавиците се изработени од понов ПВЦ материјал кој е поиздржлив и полесно се одржува.
Достапни се за деца, мажи и жени.
Една новина посебно ќе ја израдува последната група на корисници затоа што новиот материјал на естетските ракавици овозможува и нанесување на лак за нокти како и нормално симнување на лакот за да се смени бојата.
Работни (механички) протези за горен екстремитет
Шаките кај механичките протези треба да ги задоволуваат функционалните и естетските барања на корисникот на протезата. Составени се од суспензија (начин на прикачување на протезата) внатрешниот дел (лежиште), лакотен зглоб, оквир на шаката и козметичка ракавица.
Функцијата на шаката зависи од механизмот. Се управува со контрола на отворањето или со контрола на затворањето на шаката.
На местото на шаката може да се користат и работни додатоци за држење на алат или додатоци за држење на ситни делови. Погодни се за физичка работа која бара користење на раце. Работните додатоци се отвораат со помош на суспензијта на протезата, а се затвораат со помош на пружини или со други еластични компоненти. Изработени се од цврст но лесен материјал и едноставно се одржуваат.
Механичките протези се активни протези. За работа со протезата се користи силата на чкунката и рамениот појас.
MYO Протези за горни екстремитети
Протетичката шака за Мио протезите мора што поефикасно да ја надомести функцијата на човековата шака, а од друга страна да биде што полесна, да троши што помалку енергија и естетски да е прифатлива.
Мио шаките имаат стисок со три прста. Секоја шака е составена од механизам кој го контролира стисокот на шаката и естетска ракавица која по боја и текстура го имитра изгледот на здравата шака.
Посебна груба се транскарпални шаки за парцијални ампутации на шаката.
Постојат повеќе типови на шаки и изборот на шаката се прави во соработка со протетичарот.