aurora-główneaurora-główne

3106AKB

Инвалидска количка за церебрална парализа – Aurora®

ФЗОМ 3106

Стручно лице од Славеј, зема мерки од детето и ја одредува големина на количката. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

63.391,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 29.044 ден.

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Aurora е невролошка количка која има модерен изглед, опремена е со современи технички можности, безбедна и удобна;
  • Најголема предност на количката е практично, мултифункционално и реверзибилно седиште. Лесно се отстранува и овозможува промена на правецот на седење, што му овозможува на детето да комуницираа со родителот или околината;
  • Има ремен со пет нивоа на прилагодување, потпирач за глава, странични перничиња, клин за абдукција, зимска прекривка, заштита од сонце и прекривка за дожд;
    Количката се склопува лесно и брзо;
  • Може да се менува аголот на седиштето (титл);
  • Се подесува висината на потпирачот за глава, потпирачот на нозе и позицијата на потпирачот за грб;
  • Количката има амортизери за дополнителна удобност на детето.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 118 см
  • Ширина на седиште: 27 см
  • Длабочина на седиште: 30 см
  • Вкупна ширина: 67 см
  • Вкупна висина: 96 см
  • Висина на наслон: 55 см
  • Тежина на количка: 19 кг
  • Тежина на корисник: 40 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.