-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало – UCBL
3.946,00 ден2610| Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Партиципација: 10% (395 ден)
- Ортоза за стaпало UCBL која има максимална контрола на позицијата на стапалото;
- Се користи за корекција на флексибилни деформитети на стапалото, го контролира и лакот и правецот на стапалото;
- Се разликува од стандардните ортотички средства за стапала по тоа што целосно ја опфаќа петата за да ја држи во правилнa положба;
- Се изработува по индивидуален отисок;
- Изработена е од ПЕ или ПП, лесна за одржување на хигиена.
-
Детски ортози
Корективна лонгета за корекции на деформитети на стaпало – детска
1.680,00 ден
Оваа потколена детска лонгета помага глуждот да се држи во функционална положба од 90 степени. -
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортоза на глуждот (AFO) која е изработена по индивидуален отисок помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
Исто така се користат за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста. Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата. -
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
Оваа динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото. На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
Пружа добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото. -
Детски ортози
Имобилизатор за колено за деца
2.030,00 денИмобилизаторот за деца се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°). Toa e овозможено со помош на челичните шипки странично и на задната страна на ортозата.
Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен, артрален и колатерален лигамент.
Се користи како поддршка и за позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа. -
Детски ортози
Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус
2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената. Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе.
Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки, како и бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото. -
Детски ортози
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
Ортозата е изработена од полиетилен по индивидуален отисок. Спречува несакани движења и овозможува позиционирање на ногата во бараната положба.
Спречува формирање на контрактури особено при спиење. За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага, лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата, што ја прави лесна за одржување на хигиена. -
Детски ортози
Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција
2605 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети
Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот. Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.