-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало – UCBL
2610| Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортозата за стaпало UCBL e ортоза која има максимална контрола на позицијата на стапалото. Се користи за корекција на флексибилни деформитети на стапалото, го контролира и лакот и правецот на стапалото. Се разликува од стандардните ортотички средства за стапала по тоа што целосно ја опфаќа петата за да ја држи во правилнa положба.
-
Детски ортози
Корективна лонгета за корекции на деформитети на стaпало – детска
1.680,00 ден
Оваа потколена детска лонгета помага глуждот да се држи во функционална положба од 90 степени. -
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на стапало Денис Браун
6.263,00 ден- Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка.
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Детски ортози
Ортопедски чевли за Денис Браун
3.250,00 ден- Чевли за корективен апарат за корекција на стапало Денис-Браун;
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортоза на глуждот (AFO) која е изработена по индивидуален отисок помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
Исто така се користат за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста. Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата. -
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
Оваа динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото. На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
Пружа добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото. -
Детски ортози
Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
2605 | Аталанта апарат за исчашени колкови за одење
Оваа ортоза ја подобрува стабилноста на колкот со поддршка и позиционирање на колковите во оптимална позиција бидејќи овозможува контролиран опсег на движење. Топчестите зглобови на натколениците и страничните зглобови на колкот овозможуваат контролирани движења. Оваа детска ортоза за колкови може да се користи пост-оперативно за одржување на корегираната хируршка положба или за обезбедување максималната функција на пациентот за време на секојдневниот живот. Подобреното налегнување на колкот поттикнува правилно обликување на ацетабуларниот и феморалниот дел и ја намалува можноста за сублуксација и дислокација.
Овој производ се користи по препорака и надзор на лекар и не може да се комбинира со кој било друг производ. -
Детски ортози
Имобилизатор за колено за деца
2.030,00 денИмобилизаторот за деца се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°). Toa e овозможено со помош на челичните шипки странично и на задната страна на ортозата.
Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен, артрален и колатерален лигамент.
Се користи како поддршка и за позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа.