Изработена од полиетилен и ги опфаќа подлактицата и дланката;
Предноста на индивидуалната ортоза е во тоа што се изработува по индивидуален отисок на пациентот и се обликува според неговите потреби;
Опфатот на шаката и прстите , позицијата на зглобот за шаката, притисокот и поддршка на одредени мускули, ограничувањата на движењата, дебелината на материјалот и поставеноста на лепливите ленти е индивидуализирано според индикациите и потребите на корисникот;
Овие ортози се соодветни за лица со: Остеоартритис, Карпал тунел и при флакцидно паѓање на шаката;
Лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата заради одмор и одржување на хигиена.
ФЗОРСМ медицински индикации
G35 Мултипла склероза;
G56.0 Синдром на карпален тунел;
G56.1 Други лезии на н.медианус;
G56.3 Лезија на радијален нерв;
G63.2 Дијабетична полинеуропатија;
G63.8 Полинеуропатија кај други болести класифицирани на друго место;
G80(G80.0-G80.9) Инфатилна церебрална парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82.3-G82.5 Тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;