Опис
- Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
- Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
- Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
- Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.
*При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:
-Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и
-Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.