Oпис
- Извртување на скочниот зглоб при спортување е честа повреда, која може да предизвика повреди на лигаментите, при што во многу случаи неопходна е операција проследена со неколку неделна имобилизација;
- Со примена на Malleo Tristep мултифункционалната ортоза, често операцијата се избегнува, а движењето и оптеретувањето на стапалото е можно за пократко време;
- Ортозата Malleo Tristep се прилагодува и користи во три различни фази на лекување и рехабилитација;
- По акутна повреда скочниот зглоб со ортозата е цврсто стабилизиран;
- Подоцна со движењето на стапалото постепено се контролира со ортозата, од ограничени движења до целосно слободно движење;
- Сето ова се постигнува со користење на само една ортоза Malleo Tristep која едноставно се прилагодува на потребите на корисникот.