Милвоки корсетот (Цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO), е активна корективна спинална ортоза за ‘рбет, која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца;
Ортозата најчесто се препишува за деца со постурално нарушување, кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст;
Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот, бидејќи нема да има ефект;
Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози, денес Милвоки ортозата се користи поретко;
Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет;
Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот;
Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата и две окципитални влошки на задниот дел од главата за да се избегне висок притисок во пределот на вратот, пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња;
За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува да се носи 23 часa на ден;
Неопходна е редовна контрола од лекар.
Слични производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
Појас за спуштен стомак
Производ
Милвоки мидер
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.