Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски

2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)

  • Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб, со што се овозможува оптимална контрола на скочниот зглоб и стапалото;
  • На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото;
  • Дава добра поддршка при нестабилност кај валгус или варус (навалување на глуждот);
  • За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото;
  • Се изработува по индивидуален отисок.

ФЗОМ Медицински индикации

М19.1 Посттрауматска артроза на други зглобови;
M19.9 Артроза, неспицифицирано;
M21.0 Валгус деформација, некласифицирана на друго место;
M21.1 Варус деформација, некласифициран на друго место;
M21.2 Флексиона деформација;
M21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
M36.2 Хемофилична артропатија (D66-D68 );
M24.5 Контрактура на зглоб;
M62.4 Контрактура на мускул;
T93.2 Секвели од фрактура на долен екстремитет;
T93.3 Секвели од дислокација, шинување и истегнување на долен екстремитет;
T93.5 Секвели од повреда на мускул и тетива на долен екстремитет.

Препишува

  • Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед, физијатар или хирург.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Корективен апарат за корекција на скочен зглоб – Детски”
Shopping Cart