-
'Рбет
Корсет платнен лумбален со метални шини
1.655,00 ден2511 | Корсет платнен лумбален со метални шини
- Корсет платнен лумбален наменет за ублажување на оптоварувањето во 'рбетoт и за намалување на болката;
- Изработен од еластичен материјал кој овозможува воздухот да циркулира, совршено се прилагодува на анатомијата на телото и е удобен за носење;
- Во задниот дел има четири метални шини кои даваат поголема поддршка во лумбалниот дел;
- Помага при спондилоза, долно грбна болка, лумбоишијалгија.
- Се препорачува и како заштита при дигање на потешки предмети и физичка активност.
-
'Рбет
Еластичен корсет за кифоза
855,00 ден- Eластичeн корсет кој се препорачува за третман на кифоза -корекција на неправилно држење;
- Ја намалува болката;
- Обезбедува поддршка и релаксација;
- Изработен е од еластичен материјал кој е удобен при носење.
-
'Рбет
Бандажа за клавикула
855,00 ден- Бандажа за клавикула која прави имобилизација при повреда и скршеница на клучна коска.
- Појасот е направен од нерастеглив сунѓерест материјал и велкро ленти со кои едноставно се прилагодува на телото.
- Меката облога на ортозата дава удобност, не ја дразни кожата и не прави притисок.
-
'Рбет
Милвоки мидер
- Милвоки корсетот (Цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO), е активна корективна спинална ортоза за ‘рбет која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца;
- Ортозата најчесто се препишува за деца со постурално нарушување, кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст;
- Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот, бидејќи нема да има ефект;
- Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози, денес Милвоки ортозата се користи поретко;
- Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет;
- Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот;
- Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата и две окципитални влошки на задниот дел од главата за да се избегне висок притисок во пределот на вратот, пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња;
- За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува да се носи 23 часa на ден;
- Неопходна е редовна контрола од лекар.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
2506 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
- Корсетот тип ТЛСО се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
- ТЛСО е грбна ортоза за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ШЕНО
2505 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ШЕНО
- Корсетот тип ШЕНО се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
- Шено е грбна ортоза за корекција на деформитети и е изработена од термопластичен материјал.
-
Индивидуални производи
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
2504 | Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
- Грбна ортоза за корекција на деформитети, изработена од термопластичен материјал.
- ЦБВ корсетот се изработува индивидуално, при што користиме современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
-
'Рбет
Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/Шено (детски)
2504/2505 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/ШЕНО
- Детски корсет тип ЦБВ/ШЕНО се изработува индивидуално, при што се користи современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
- Се користат за корекција на деформитети и се изработени од термопластичен материјал.