Вашата ‘рскавица не се обновува, но вашиот живот не мора да застане. Добивте дијагноза гонартоза, што во превод значи „ги потрошивте зглобовите“. Вашиот доктор ви кажа да ослабнете. Вие купивте „’рскавица од ајкула“ легнавте во кревет да не го „потрошите“ тоа што остана. Артрозата е механички проблем и се решава со механички решенија не со апчиња и чаеви.
- Физиката не знае за „Body positivity“ (тежина)
Ова ќе ве заболи повеќе од вашите колена: Секој килограм плус на вашиот стомак, значи 4 кг притисок на коленото со секој чекор. Имате 10кг плус? Тоа се 40кг тежина која вашата оштетена ‘рскавица ги носи секој пат кога ќе станете. Не мора да бидете модел. Но ако ослабнете 5кг, вашите колена ќе се чувствуваат како да сте тргнале 1 вреќа цемент. Ова е најдобриот аналгетик и е бесплатен.
- Ајкулата нема да ви помогне (суплементи)
Пиете колаген и ‘рскавица од ајкула? Одлично, вашиот желудник го вари тој колаген како и секој друг протеин. Не постои магичен „поштар“ кој го носи тој прашок директно во вашето лево колено и „залепува“ нова ‘рскавица. На овој начин не се регенерира ‘рскавицата. Подобро тие пари да ги вложите на квалитетни патики или тренер.
- Амортизерите ги спасуваат гумите (мускулите)
Замислете автомобил со излижани гуми (вашата ‘рскавица). Дали во тој автомобил може да се возите удобно? Може, ако има одлични амортизери. Вашите амортизери за колкот се глутеусите за за коленото се квадрицепсите. Ако мускулите ви се силни, они го превземаат силниот удар и зглобот лебди. Доколку мускулите се слаби (и се слаби бидејќи се чувате) коската удира на коска. Силна задница значи среќен колк. Тоа е закон.
- Домашните работи не се вежба (најголема заблуда)
Грешка: „Јас кога ќе се изнаработам дома, не ми треба тренинг“. Пеглање, пазарење и чистење, значат трошење а не тренирање. Тоа се движења кои ве заморуваат на лош начин. На вашите зглобови се потребни контролирани движења (возење точак, пливање или вежби со тежина) за да се „подмачкаат“ а не работа по дома која ги „струга“ зглобовите.
- Подмачкување со движење (точакот е закон)
‘Рскавицата е сунѓер и нема крвни садови. Се храни само кога се притиска и опушта. Доколку „лежите за да ја сочувате“ таа се суши и брзо пропаѓа. Потребни ви се движења без притисок. Собниот велосипед (вежбач со педали) е вашиот најдобар пријател. Со овие движења зглобот се подмачкува (создава синовијална течност), а не ја носите вашата телесна тежина. Вртете ги педалите додека ја гледате вашата омилена серија. Тоа е вашата инфузија.
- Бастумот не е пораз, туку алатка
Одите како пингвин, бидејќи ве болат колената, но не сакате да користите бастун бидејќи не ви треба. Ова го уништува вашиот грб и другото (здраво) колено. Бастум во спротивната рака од вашето болно колено, го намалува притисокот во зглобот за 30%. Тоа не е знак на старост, тоа е знак на интелигенција. Носете го како моден додаток а не како казна.
ЗАКЛУЧОК
Имате „ќелави гуми“? Напумпајте ги амортизерите (мускулите), извадете вишок товар од гепекот (ослабете) и не возете по дукпи (избегнувајте скокање). Може уште долго да возите со насмевка. Во коментар признајте, кој од вас очекува на му „порасне“ нова ‘рскавица од сумплементи?