Никој не одбира да има мултиплекс склероза. Но, може да избере како да живее со дијагнозата. Приказните на овие луѓе кои чекорат низ животот со својата сила, упорност се пример и наша секојдневна инспирација.
12 години успешно ја менаџирам болеста
Еден од нив е и Борче Стојков кој успева да ги надмине сите тешкотии и предизвици кои со себе ги носи дијагнозата мултиплекс склероза. Кога прв пат му е откриена пред 12 години за него преставувало шок, но набрзо ја прифатил и како што вели успешно ја менаџира со години.
„ Се започна кога одеднаш почнав да ја губам силата во рацете и нозете. Бидејќи бев спортски активен, на почетокот мислев дека станува збор за воспаление на мускулите. Но со понатамошното влошување на мојата здравствена состојба, сфатив дека не станува збор за обично воспаление туку за нешто што е многу посериозно. Почнав да ја губам силата, а и движењата ми станаа премногу ограничени.“ објаснува Борче и додава дека мултиплекс склерозата е болест со илјада лица. Кај секого е различна и секој мора сам да си ја води својата борба. Неговиот совет е колку побрзо се соочите дека имате мултиплекс склероза, толку подобро за вас.
„Има скриени симптоми што не се видливи, замор, нарушена рамнотежа, колку и да се трудам да вежбам можам да одам 25 минути потоа почнуваат проблеми со ногата. Јас да одам 50 метри трошам енергија и напор како здрав човек да трча 100 метри. За да се искачам 1 кат трошам енергија како здрав да искачи 5 ката. Јас морам да размислувам како одам, ако доволно не ја кренам левата нога може да се сопнам и да паднам.“
Exopulse molli ми помогна повторно да се движам слободно
Секој слободен миг го користи во истражување на нови лекови, третмани за мултиплекс склероза. Неколку месеци тој го користи и револуционерниот костум Exopulse Mollii.
„Интересен нов изум е Exopulse Molli костумот, лично можам да потврдам дека има одлични ефекти. Работи на принцип на електро-стимулации на невроните на потребните мускули. После првите 3 третмани почувствував подобрување во сите физички можности до 20%. Со костумот полесно ја движам левата нога, се почувствував поенергичен ми се подобри кондицијата и рамнотежата.“ раскажува Борче кој додава дека костумот ќе го користи цел живот и ги охрабрува сите кои имаат мултиплекс склероза да го пробаат.
Благодарение на костумот неговиот живот се промени, повеќе ги нема грчевите кои се јавувале во текот на ноќта проследени со голема болка. Тој денеска низ животот, како што вели, „плови“ со помала брзина, бидејќи сфатил дека најважно е здравјето.
„Голем дел од навиките поврзани со физичка активност се сменети, не трчам не скијам не играм кошарка… Треба човек да е свесен и да се помири со судбината да си најде други активности. Останав физички активен колку што можам. За овие 12 години успеав мојата кондициона и физичка подготвеност да ја задржам како пред 12 години со многу вежбање и начин на исхрана.“ објаснува Борче кој за крај додава дека ги избегнува стресните состојби на кои може да влијае со еден збор„ Се обидувам да ги гледам убавите работи на живеењето.“