Дејвид Филипс – Постигнувам многу повеќе благодарение на Exopulse Mollii

Дејвид Филипс е стравствен и талентиран параолимписки стрелец од Велс. На 12. годишна возраст ја открил својата љубов и талент кон стрелаштвото и се натпреварувал до 18. година. Поради работата и семејните обврски тој донел одлука престане да спортува. Во 1996 година му е дијагностицирана мултиплекс склероза, дијагноза која предизвикува широк спектар на симптоми како проблеми со видот, движењето на рацете или нозете, рамнотежата…

„30 години работев во индустрија за челик и жена ми често ме прашуваше што ќе правам кога ќе се пензионирам. Мислам дека таа не сакаше да седам дома и да се вртам низ куќа, па ми предложи да се обидам да стрелам. Беше одлична идеја повторно да се вратам на мојата страст и сега тренирам и до 5 пати неделно“ објаснува Дејвид кој за само една година влезе во параолимпискиот тим и го освои златниот медал на Еврпското првенство.

Како амбасадор на Здружението за мултиплекс склероза, Дејвид е посветен да им помогне на членовите.
„Да се биде амбасадор е голема чест, поголема од кој било заработен медал. Сакам да ги охрабрам луѓето со МС и да им покажам дека се е можно. Имам 56 години и самиот не можам да верувам, колку добро се држам и не дозволувам болеста да ме спречи во остварување на моите соништа. “ објаснува Дејвид.

Неколку месеци тој го користи костумот Exopulse Mollii. Се работи за помошен уред за целото тело, дизајниран да помогне во олеснување на затегнати, спастични мускули и болката што често е последица на овие симптоми. Дејвид го носи костумот секој ден за да му помогне да закрепне после тренинг.

„Придобивките што ми ги даде костумот ги почуствував веднаш. Ми овозможи да тренирам подолго и понапорно без да се уморувам, бидејќи заморот е нешто што отсекогаш бил проблем за лицата со мултиплекс склероза. Пред да го пробам костумот се мачев да ги облечам чорапите и ми беше потребна помош од сопругата. Но откако го користам костумот флексибилноста ми се подобрена, што значи дека можам сам да го направам тоа. Откако го користам костумот не сум паднал ниту еднаш, што не беше случај претходно кога паѓав еднаш неделно. Се чувствувам фит, здрав и имам внуци со кои можам да направам сè“. објаснува Дејвид кој планира и во иднина да освојува нови победи и медали. За крај тој додава:  
„Сакам да им порачам на сите дијагностицирани со МС за не забораваат дека со нивната состојба е засегнато целото семејство. Треба да бидете позитивни, и да го правите секое движење што можете“.

Shopping Cart