Болка во половина во бременост

Во бременоста, телото на жената се менува на многу начини – жените добиваат тежина, оток на некои делови од телото, гадење, зголемена потреба за мокрење, чувство на замор, исцрпеност, итн. Сето ова е последица на бројни хормонски, физички и емоционални промени. Еден од честите проблеми е и болката во половина која може да се јави уште во рана бременост. Се претпоставува дека 60-70% од трудниците имаат болка во грбот во текот на бременоста.

Кои трудници имаат ризик од појава на болка во половината?

Жените кои претходно имале некој тип на болка во половината, имаат ризик истата да се јави и во бременост. Исто така ризични се жените со зголемена телесна тежина, оние кои седат подолг временски период како и жените кои имаат поголема физичко напрегање на работното место.

Кога најчесто се јавува болка?

Како напредува бременоста, болката се влошува, но најчесто престанува веднаш по породувањето. Во некои случаи, може трајно да остане како хронична состојба.

  • Болката се јавува со различен интензитет што започнува или се влошува за време на седење, стоење, одење, кревање предмети, сексуален однос, свиткување или ротирање во телото;
  • Се јавуваат проблеми со спиењето, како резултат на болка и трудниците имаат проблем да најдат удобна положба на телото.
  • Се јавува намалена подвижност на долниот дел на грбот (лумбален ‘рбет).
  • Промени во рамнотежата и одење.

Како можете да си помогнете?

Постојат неколку начини на кои можат да помогнат при умерена болка во половината:

  • Обувки: За да се намали болката во нозете и половината, чевлите треба да бидат удобни и доволно широки.
  • Спиење: Се препорачува странично спиење со перница меѓу нозете за `рбетот да биде во неутрална позиција и да се намали притисокот врз него.
  • Вежбање: Задните мускули му даваат поддршка на ‘рбетот, па затоа е важно тие да бидат силни и активни. Со претходна консултација на доктор, се препорачува умерена физичка активност за зајакнувањето на грбните мускули.
  • Позиција на телото кога седите: Кога седите, карлицата треба да биде малку над нивото на коленото. Можете да ставите и перниче за половина кое ќе ви даде поддршка додека седите. Се препорачува на секои 40 минути седење да станете и да прошетате.

Појасот за половина за трудници, дава дополнителна поддршка на грбот и стомакот. Во задниот дел има метални фишбајни кои го намалуваат притисокот врз половината и ги релаксираат мускулите и `рбетот. По породување може да се користи за поддршка на стомакот со цел да се превенира негово спуштање и деформација. Предности на појасот за трудници се:

  • Ги намалува болки во мускулите и зглобовите во долниот дел на грбот.
  • Помага во случаи на воспаление во зглобовите во карлицата.
  • Помага при болка во на колкот.
  • Во некои случаи може да превенира појава на дијастаза.

Важно: Доколку болката е силна, веднаш консултирајте се со доктор.

Shopping Cart