Болка во колено

Коленото е еден од најкомплексните зглобови во човечкото тело. Затоа речиси и да не постои човек што барем еднаш во животот не почувствувал болка во коленото. Болката може да биде со послаб или посилен интензитет, акутна или хронична. Во секој случај, може многу да иритира и да го отежни секојдневното функционирање.  

Како се манифестира болката?

Во поголем број случаи, болката се јавува при движење односно откако ќе се застане на нога. Доколку се јави во мирување, тогаш се работи за сериозна состојба и потребно е да се направи преглед од лекар. Исто така болката може да биде пропратена со тешкотии при виткање и исправање на коленото, вкочанетост а може да се јави оток. Кај дегенеративните промени, при движење се јавува крцкање во коленото. Кај одредени болести коленото може да биде топло и да се јави црвенило.

Кога треба да се јавите на лекар?

Веднаш да се јавите на лекар доколку:

  • Не можете да застанете на ногата;
  • Коленото е нестабилно и отечено;
  • Доколку не можете да го исправите и свиткате коленото;
  • Ако се јави топлина во коленото, силна болка и црвенило;
  • По повреда на коленото со силна болка.

4 начини како да си помогнете доколку имате болка во коленото

Мирување:

Ќе ви помогне во намалување на болката особено по повреда или изненадна болка во колено. Иако на некои пациенти им е полесно да ја држат ногата во полусвиена положба, оваа треба да се избегнува зошто може да дојде до флексорни контрактури. Кај некои заболувања може да се случи коленото да остане во оваа положба што пречи на одењето.

Ладни облоги на колено:

Се препорачуваат кај акутна болка, особено по повреда. Се препорачува облогата да се држи 10-15 минути и да се повтори неколку пати во текот на денот.

Ортоза за колено:

Од еластичен материјал за намалување на болката при одење.

Анти-инфламаторни гелови:

Тука спаѓаат гелови кои содржат диклофенак, етофенамат и други лекови. Геловите се нанесуваат во тенок слој 2-3 пати дневно.

Лекови за намалување на болката:

Доколку имате неиздржлива болка може да се напиете лекови за смирување на болката.

Shopping Cart