Кон крајот на летово го посетивме нашиот пријател Петар Петровски во Охрид и решивме да го пренесеме според нас најважниот дел од неговата животна приказна.
Тој има 31 година и е сопруг и татко на едно. Пред 7 години учествувал во сообраќајна несреќа каде ја изгубил левата нога.
Корисник е на најсовременото микропроцесорско колено Genium X3 од меѓународниот партнер на Славеј, Ottobock.

Петар е инспиративен соговорник кој не нѐ остави рамнодушни и нѐ плени со неговата едноставност, искреност и директност. Ти благодариме Петар.
Нешто што му беше нему најважно да пренесе на останатите кои се соочуваат со ампутација беше: – „ Не се откажувајте – никогаш не знаете што може да ви донесе животот. Да, може сега е тешко – но ќе биде подобро… Најбитно од сѐ е начинот на кој размислувате и борбата сами со себе. Значи самите со себе ви е најголемата борба – кога тоа ќе го пребродите, јас мислам дека ќе можете да направите сѐ.“

Целосното интервју можете да го погледнете на видеото подолу.