bravo-racer-2bravo-racer-2

3110OBBRAVO

Активна инвалидска количка – Bravo Racer

ФЗОМ 3110

Количката се изработува индивидуално. Стручно лице од Славеј, во соработка со Вас и детето, зема мерки и одбира компоненти според неговите потреби и желби, по што количката се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

120.500,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 50.645 ден

Достапно по нарачка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Активна инвалидска количка за деца и адолесценти, со крута рамка, лесна за управување и транспорт;
  • Има крут рам а ширината и длабочината на седиштето се подесуваат за да го пратат растот на детето;
  • Наслонот може да се постави во повеќе позиции и се преклопува надолу;
  • Количката има единечен потпирач за нозе кој има можност за менување на аголот и длабочината;
  • Кочницата е со лост и може да се закочува со колено;
  • Достапни се голем број на опции, бои и додатоци.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина:61,5 – 76,5/64 – 79/66,5 – 81,5 см
  • Ширина на седиште: 20 – 36 см
  • Длабочина на седиште: 24 – 38 см
  • Вкупна ширина: 47 – 63/48 – 66 см
  • Вкупна висина: 51,5 – 86/54 – 88,5/56,5 – 91 см
  • Висина на седиште: 31,5 – 46/34 – 48,5/36 – 51 см
  • Висина на наслон: 20 – 40 см
  • Тежина на количка: 8,5 кг
  • Тежина на корисник: 60 кг

ФЗОРСМ медицински индикации

  • (G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
  • (G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;
  • G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
  • (G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
    (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
    да се постави протеза);
  • Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериуми

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.