Она што често забораваме е дека стапалата се многу важни за целокупното здравје, бидејќи кога се деформирани, страда целото тело. Последиците од несоодветната грижа за стапалата можат да бидат многубројни, од проблеми со ‘рбетот, колената, карлицата… Самиот факт што на нив има 7.000 нервни завршетоци покажува колку се тие важни.
Која е целта на ортопедските чевли?
Ортопедските чевли за деца имаат улога во лекување на деформитети на стапалата кај децата. Исто така тие превенираат секундарни деформитети на колената на детето (нозете „Х“ или „О“ нозе), колковите и ‘рбетот.
Карактеристики на ортопедски чевли
Ортопедските чевли се карактеризираат со тоа што се длабоки и цврсти со цел да се корегира, вообичаено, лабавиот скочен зглоб и петата. Имаат и вградена ортопедска влошка која ги активира мускулите на стапалото, даваат поддршка на слабите лигаменти и го распределуваат притисокот на целото стапало.
Се препорачуваат за деца со следниве деформитети:
- Спуштени лакови на стапалото (рамно стапало),
- Пронација (зачекорување навнатре),
- Супинација (зачекорување нанадвор)
- и други деформитети на стапалото.
Елементите кои се вградуваат во ортопедските чевли, во зависност од деформитетот се:
- Супинационо перниче;
- Метатарзално перниче;
- Медијално (внатрешно) повишување;
- Латерално (надворешно) повишување.
Препорачливо е во есен и зима да се носат модели на чевли со врвки, а во лето ортопедски сандали како подобра опција од влечки од вештачки материјали.
Како се изработуваат?
Детските ортопедски обувки се изработуваат индивидуално по нарачка, врз основа на дијагноза или преглед од стручно лице. На детето му се земаат мерки од стапалото и според нив се изработува чевелот.
Зошто да го одберете Центарот за ортотика и протетика Славеj?
Она што ги прави нашите ортопедски обувки удобни, е нашето долгогодишно искуство од 75 години, безброј пара чевли и многу задоволни и здрави корисници. Секој дел од чевелот се изработува рачно и по мерка. Користиме само природни материјали – кожа, а ѓоновите се изработени од анатомска гума.
Консултации
Дојдете на бесплатна консултации. Донесете го вашето малечко кај нас и видете што имаме да ви понудиме. За квалитетот и удобноста даваме гаранција, дека вашето малечко ќе ги обожава новите чевли.