Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.slavej.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
СЛАВЕЈ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на СЛАВЕЈ, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Во случај на постоење на очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите, СЛАВЕЈ ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка или пак реализирале уплата за одредениот производ, а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не.
За купување на производи преку www.slavej.mk важат редовните малопродажни цени. Залихите од одреден производ се ограничени, па и покрај нивното ажурно следење може да се случи исцрпување на залихата.Поради овие причини одредена нарачка може да биде откажана.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на СЛАВЕЈ. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред финално да ја затвори нарачката. Регистрирањето не е задолжително за реализација на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на резервација на нарачката. При евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, СЛАВЕЈ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Поддршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 02/ 3247191 кој е достапен во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да не комуницирате 24/7 преку нашиот e-mail grizazakorisnici@slavej.mk.
Политика за испорака на производи
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.
Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Максималното предвидено време за испорака е 3 работни денови од моментот на потврдa на нарачката за редовна пратка или 24 часови за брза пратка. СЛАВЕЈ го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака во сабота по 14 часот, во недела и на државни празници не се врши.
Пред испораката, на купувачот му се праќа линк со код на пратката преку кој купувачот може да ја следи пратката, а воедно ќе биде телефонски контактиран на телефонскиот број оставен за контакт за потврдување на датумот и времето на испораката.
Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција-наплата, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Цената на испораката на цела територија на Република Северна Македонија се следните:
• за редовна пратка до 10 кг. — 180.00 денари ,
• За редовна пратка над 10 кг. — 230,00 денари ,
• За брза пратка (24 часа) до 10 кг. – 280,00 денари ,
• За брза пратка (24 часа) над 10 кг. – 330,00 денари.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, СЛАВЕЈ не може да превземе никаква одговорност.
Прием на производи
Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен кај лицето кое ја врши испораката и на телефонскиот број за подршка на корисници 02/ 3247191, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени. Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за употреба, гарантен лист, фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете.
Враќање и замена на производи
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 денови од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе бидат вратени на купувачот. Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
Доколку купувачот го менува производот од други причини, а не поради рекламација должен е во рок од 15 денови да испрати е- маил на grizazakorisnici@slavej.mk со податоците на бројот на нарачка и причина за враќање или замена на производот. Враќањето на производот во ваков случај оди преку доставна служба. Доколку производот не е оштетен СЛАВЕЈ ќе го испрати заменскиот производ. Транспортните трошоците за враќање и испраќање на заменски производ во ваков случај одат на товар на купувачот.
Гаранција
Одредени производи, купени преку интернет страната на СЛАВЕЈ , имаат соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот. Гаранцијата нема да важи доколку:
- Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
- Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
- Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
- Има физички оштетувања на производот
Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.