Пешачењето е наједноставна физичка активност што можете да ја правите секојдневно. На пример, ако одите на работа со автомобил, паркирајте 2 километри подалеку од вообичаеното и пешачете. Со овој едноставен начин ќе поминете 4 километри дневно, без значајно да ги менувате секојдневните активности. Дополнително, пешачењето е бесплатно и не ви е потребна посебна опрема.
Кои се предности од пешачењето?
Пешачење со умерена брзина и темпо 30-60 минути дневно придонесува за топење на вишокот масно ткиво, во градење мускулна маса и за побрз метаболизам. Други придобивки од редовното пешачење се:

- Пешачењето може да го намали ризикот од срцеви заболувања, рак на дојка и дебело црево, дијабетес…
- Пешачењето прави мал стрес на зглобовите, па затоа е многу подобра активност за гојазни лица и лица кои имаат проблеми со зглобовите;
- Пешачењето е активност која го намалува ризикот од остеопороза, што е особено важно за постарите жени.
Каква опрема ви треба за пешачење?
За пешачење ви треба добра волја и минимална инвестиција во опрема:
Обувки за пешачење – при изборот изберете удобни патики или чевли.
Облека за пешачење – секогаш носете удобна облека со која ќе се движите. Исто така, одберете облека која е не пропушта ветер и вода за да бидете подготвени за сите временски услови.
Безбедносна опрема – ако пешачите ноќе и во близина на пат, носете рефлектирачки елек, светло или облека што лесно ќе се види во темница.
Техника на одење – Иако речиси никогаш не размислуваме за начинот на кој одиме, постојат голем број фактори кои влијаат на правилното одење. Еве на што треба да внимавате при одење:
Држење на телото – застанете исправено и гледајте право напред. Додека одите, не гледајте во под или во нозе, бидејќи тоа создава зголемен и непотребен притисок на вратот и грбот.
Преголем чекор – одете природно. Како што забрзувате, вашиот чекор автоматски ќе се издолжува, но обидете се да го контролирате. Наместо тоа, одете побрзо, но не ја зголемувајте должината на чекорот а со тоа и притисокот врз зглобовите.
Премал чекор – спротивно на претходото, внимавајте вашите чекори да не се прекратки. Ова може да влијае на мускулната еластичност.
Движење на рацете – нормалното одење бара користење на рацете за да се обезбеди рамнотежа во движењето. Ефикасното користење на рацете може да ја зголеми брзината и силата на одење. Свиткајте ги лактите под агол од 90 степени и движете ги природно додека одите. Избегнувајте премалку или премногу да ги движите рацете, бидејќи тоа ќе го отежне движењето и ќе ја наруши вашата рамнотежа.

Карактеристики на тренингот за пешачење
За да останете мотивирани и да пешачите секој ден, вклучете различни техники на одење во вашиот распоред. Со фокусирање на различни тренинзи за пешачење, ќе имате подобри резултати. Не заборавајте да носите шише со вода за да останете хидрирани.
Кондиција – дозволете му на телото да се прилагоди на пешачењето со постепено зголемување на должината или времетраењето.
Сила и брзина – во оваа фаза работете на зголемување на темпото и интензитетот на пешачењето. Одење по нагорнина е одлично за подобрување на кондицијата. Вклучете и одредено темпо во планот за одење: по загревањето, одете 1 минута побрзо, потоа 1 минута побавно.
Горен дел од телото – за дополнително да ги активирате мускулите на горниот дел од телото, носете мали тегови во рацете.