Овој имобилизатор за колено се користи во состојби кои бараат целосна имобилизација на коленото.
Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен и колатерален лигамент.
Благодарение на страничното поставени челични ленти по оската на коленото, се обезбедува цврста имобилизација на коленото во нулта позиција. Се користи како поддршка и стабилизација при одење во случаи на спастични долни екстремитети или парализа.
Цената се дефинира во зависност од големината ↓
Вградените странични зглобови максимално ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото.
Обезбедува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата (капата на коленото).
Помага во процесот на лекување на повреди на лигаментите, лезии на меките ткива и други проблеми со коленото.
Оваа ткаена ортоза за колено со вградени странични метални зглобови максимално ги растоварува внатрешните и надворешните лигаменти на коленото без да ја ограничи подвижноста на коленото.
Обезбедува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата на коленото. Фактот дека предниот дел е целосно отворен овозможува лесно поставување на ортозата.
Овој стегач за колено со перниче за патела обезбедува топлина и стабилност во пределот на коленото.
Го штити коленскиот зглоб особено во спортски активности, благодарение на мекото перниче на коленото кое ги минимизира ударите во коленото при удирање и паѓање.
Коментари
Се уште нема коментари.