glavnaglavna

3109VMX4

Стандардна лесна инвалидска количка – Eclips X4

ФЗОМ 3109

Количката се персонализира според потребите на корисникот и се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за Вас и Вашите потреби.

34.840,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 4.721 ден.

Достапно по нарачка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Изработена од алуминиум со можност за голем број прилагодувања;
  • Можност за промена на длабочината на седиштето;
  • Оската X е дополнително засилена што овозможува поголема носивост до 150 кг;
  • Задните тркала се отстрануваат лесно без алат;
  • Наслонот за нозете се подесува по висина и се прилагодува според потребите на корисникот;
  • Алуминиумски држачи за тркала кои лесно се прилагодуваат по висина;
  • Наслонот за грб се прилагодува по висина;
  • Задните тркала се отстрануваат лесно без алат;
  • Има заштита од превртување.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина:
  • Ширина на седиште:
  • Длабочина на седиште:
  • Вкупна ширина:
  • Вкупна висина:
  • Висина на седиште:
  • Висина на наслон:
  • Тежина на количка:
  • Тежина на корисник:

ФЗОРСМ медицински индикации

  • (G71; G71.0; G71.1; G71.2; G71.3; G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
  • (G80; G80.00; G80.01; G80.02; G80.03; G80.09; G80.3; G80.4; G80.8; и G80.9) Церебрална парализа;
  • (G82.0; G82.1 и G82.2) Параплегија;
  • (G82.3; G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави протеза).

Критериум

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.