22

3106AKF

Инвалидска количка за церебрална парализа – MAMALU™

ФЗОМ 3106

Стручно лице од Славеј, зема мерки од детето и ја одредува големина на количката. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

45.014,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 10.667 ден.

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Модерна количка со современ дизајн која лесно се слопува (како чадор) што ја прави практична за транспорт;
  • Количката го следи растот на детето со тоа што се прилагодува длабочината на седиштето и висината на потпирачот за нозе;
  • Предните тркала се ротираат и имаат амортизери, што ја прави лесна за управување;
  • Навлаката на количката е двострана, едната страна е обложена со мека ткаенина MINKY, а другата страна во водоотпорна ткаенина FLEX;
  • Количката има ремен за безбедно седење со 5 нивоа, ротирачки тркала со кочници и избор на голем број додатоци.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 100 см
  • Ширина на седиште: 38 см
  • Длабочина на седиште: 34 см
  • Вкупна ширина: 61 см
  • Вкупна висина: 111 см
  • Висина на наслон: 60 см
  • Тежина на количка: 13 кг
  • Тежина на корисник: 50 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

  • Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.